HomeОпштиниКавадарци: Одржан координативен состанок за агрометеоролошки станици

Кавадарци: Одржан координативен состанок за агрометеоролошки станици

spot_img
spot_img

По иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев во Општина Кавадарци се одржа координативен состанок за текот на понатомошното работење на мерните агрометеоролошки станици кои ги постави нашата општината со помош на Швајцарската амбасада (за регионален развој) на кој се разговараше за улогата, значењето и придобивките од модерното smart земјоделство.

На состанокот беа присутни претставници од подрачнота единица на МЗШВ, Тиквешките семејни винарии, здружение на земјоделци, винарски визби и земјоделски аптеки и на истиот се донесоа неколку заклучоци и тоа:

– формирање на координативно тело,

– предвидување на буџет за одржување,

– формирање на база на земјоделци по реони,

– начин на информирање на земјоделците од формираната база,

– зголемување на бројот на меторолошки станици и друго.

Општина Кавадарци заедно со координативното тело ќе продолжи со комуникација и соработка со сите чинители во земјоделството се со цел за подобро и поквалитетно земјоделство.

Извор: Општина Кавадарци 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте