Со збратимениот град Сараево потпишавме протокол за зајакнување на соработката помеѓу двете престолнини.
Заедно со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ искажавме подготвеност за унапредување и зајакнување на веќе постоечките пријателски релации и меѓусебната соработка со конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на економијата, културата, спортот, образованието, животната средина.
Со новиот протокол, градот Скопје и Сараево пристапуваат кон суштинска соработка и реализација на зацртаните цели на двете градски администрации, преку размена на идеи за потенцијалните проекти и утврдување на динамиката на нивна реализација.
Извор: Град Скопје