HomeОпштиниГрад Скопје: Потпишан протокол за зајакнување на соработката со Сараево

Град Скопје: Потпишан протокол за зајакнување на соработката со Сараево

Со збратимениот град Сараево потпишавме протокол за зајакнување на соработката помеѓу двете престолнини.

Заедно со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ искажавме подготвеност за унапредување и зајакнување на веќе постоечките пријателски релации и меѓусебната соработка со конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на економијата, културата, спортот, образованието, животната средина.

 

Со новиот протокол, градот Скопје и Сараево пристапуваат кон суштинска соработка и реализација на зацртаните цели на двете градски администрации, преку размена на идеи за потенцијалните проекти и утврдување на динамиката на нивна реализација.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте