spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Валоризациона конференција на НАЕОПМ

НАЕОП: Валоризациона конференција на НАЕОПМ

Валоризационата конференција на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се реализираше во хотел „Александар Палас”- Скопје.
Целта на оваа конференција беше да се претстават успешни проекти од изминатите години кои ќе послужат како пример и поттик за сите останати кои се или сакаат да бидат дел од програмата Еразмус+.
„Европската комисија на почетокот на оваа година ја препозна важноста на една голема група со која сите ние работиме, прогласувајќи ја 2022 година како Година на младите. Како НАЕОПМ веднаш се одзвавме и се вложивме оваа заложба да ја пресликаме и кај нас поддржувајќи повеќе од 40 младински иницијативи(проекти за млади) со вкупен буџет од повеќе од 1 милион евра, воведовме отворен ден за млади и се вложивме во креирање на новата национална стратегија за млади”- истакна директорот на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски во своето обраќање.
Инвестицијата во младите е придобивка за сите и заеднички можеме да направиме многу повеќе за сите. Во оваа насока имаа можност да се обратат и советникот за млади на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорѓи Тасев и раководителот на сектор за соработна при Делегација на ЕУ во РСМ, Штефан Худолин.
Националната агенција покажа дека има капацитет и знаење да биде двигател на позитивните промени во доменот на своето дејствување.
Преку систем на одговорност и посветеност е доверлив, транспарентен и отворен партнер на потенцијалните корисници на програмите Еразмус+ и ЕСК.

НАЕОПМ подготвено ја чека следната 2023- Година на вештини, зајакнувајќи ги капацитетите на училиштата за креирање на стратешки партнерства со придобивки за сите.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...