spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Бидете дел од Националната Еврогајденс мрежа

НАЕОП: Бидете дел од Националната Еврогајденс мрежа

Еврогајденс центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ве известува дека од 2023 година започнува со создавање на Национална Еврогајденс мрежа.

Придобивки при членување:
– Известување по е-пошта за обуки организирани од останатите Еврогајденс мрежи од цела Европа
– Објавување на ваши публикации, истражувања, проекти и останати активности поврзани со кариерно советување/насочување на претстојната македонска веб-страница на Еврогајденс и доколку содржината ја испратите на англиски јазик и на официјалната веб-страница на Еврогајденс Европа.

– Користење на логото на Еврогајденс Северна Македонија при организација на ваши настани поврзани со кариерно советување/насочување.
– Поврзување со други Еврогајденс центри низ Европската Унија.
– Останати придобивки согласно растењето на Националната Еврогајденс мрежа.

НАПОМЕНА: Членови на Националната Еврогајденс мрежа на Република Северна Македонија може да бидат државни институции кои се занимаваат со кариерно советување/насочување, Здруженија на граѓани и кариерни центри во институции по средно и високо образование. Поединци не членуваат во Националната Еврогајденс мрежа.

Пријавете ја Вашата организација/институција на следниот линк:

https://forms.gle/BNPNW44K58FnsA8A6

Доколку имате прашања, слободно контактирајте не на euroguidance@na.org.mk

 

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...