НАЕОП: Повик за предлог-проекти 2023 – EAC/A10/2022 Програма Еразмус+ (2022/C 444/07)

UncategorizedНАЕОП: Повик за предлог-проекти 2023 – EAC/A10/2022 Програма Еразмус+ (2022/C 444/07)

Најчитано

Врз основа на Решение за објавување на Јавен повик бр. 18-1517/2 од 16.12.2022 година, Националната агенција објавува Повик за предлог-проекти за 2023 година на Европската Комисија за програмата Еразмус+

1.    Вовед и цели

Овој повик за предлог-проекти се заснова на Регулативата (ЕУ) бр. 2021/817 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година за воспоставување „Еразмус+“: Програмата на Унијата за образование, обука, млади и спорт (1) (во натамошниот текст „ Регулатива за Еразмус+“) како и за Годишната програма за работа на Еразмус+ за 2023 година (C(2022)6002). Програмата Еразмус+ го опфаќа периодот од 2021 до 2027 година. Општите и специфичните цели на Програмата Еразмус+ се наведени во член 3 од Регулативата Еразмус+.

 

2.    Aкции

Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следниве акции на програмата Еразмус+:

Клучна акција 1 (КА1) – Мобилност за учење на поединци:

—    Мобилност на поединци во областа на образованието, обуката и младите

—    Активности за младинско учество

—    DiscoverEU – Акција за инклузија

—    Виртуелни размени во високото образование и младите

—    Мобилност на кадар од областа на спортот

Клучна акција 2 (КА2) – Соработка меѓу организации и институции

—    Партнерства за соработка:

—    Колаборативни партнерства

—    Партнерства од мал обем

—    Партнерства за извонредност:

—    Центри за стручна извонредност

—    Акција Еразмус Мундус

—    Партнерства за иновации:

—    Сојузи за иновации

—    Проекти насочени кон иднината

(1)      OJ L 189, 28.5.2021, p. 1

 

—    Градење на капацитетите во високото образование, стручното образование и обука, младите и спортот

—    Непрофитни европски спортски настани

Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за развој на политиките и соработката

—    Eвропските млади заедно Жан Моне активности:

—    Жан Моне во областа на високото образование

—    Жан Моне во други области на образованието и обуката

 

3.    Подобност

 

Секое јавно или приватно тело активно на полето на образованието, обуката, младите и спортот може да аплицира за финансирање во рамките на програмата Еразмус+. Дополнително, групи млади луѓе кои се активни во младинската работа, но не нужно во контекст на младинска организација, може да аплицираат за финансирање мобилности за учење на млади луѓе и младински работници, активности за младинско учество и DiscoverEU акцијата за инклузија.

Следниве земји можат целосно да учествуваат во сите активности на Програмата Еразмус+ (2):

—    27-те земји-членки на Европската унија и прекуокеанските земји и територии,

—    трети земји поврзани со Програмата:

—    земјите од ЕФТА/ЕЕА: Исланд, Лихтенштајн и Норвешка,

—    Земји кандидати за членство во ЕУ: Република Турција, Република Северна Македонија и Република Србија (3).

Дополнително, одредени активности на Програмата Еразмус+ се отворени за организации од трети земји кои не се поврзани со Програмата.

 

Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за 2023 година за повеќе детали за начините на учество.

 

4.    Буџет и времетраење на проектите

 

Вкупниот буџет предвиден за овој повик за предлог-проекти се проценува на 3 393,17 милиони евра:

 

Образование и обука: EUR 2 980,70 милиони
Млади: EUR 321,12 милиони
Спорт: EUR 65,13 милиони
Жан Моне: EUR 26,22 милиони

 

Вкупниот буџет предвиден за повикот за предлог-проекти, како и неговата повторна распределба е наведен во Годишната програма за работа на Еразмус+ за 2023 година, усвоена на 25 август 2022 година, и може да биде изменет под услов на измена на Годишната програма за на работа Еразмус+. Потенцијалните апликанти се поканети редовно да ја консултираат Годишната програма за работа на Еразмус+ и нивните амандмани, објавени на:

https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/documents/annual-work-programmes_en

Доделените грантови, како и времетраењето на проектите варираат во зависност од фактори како што се видот на проектот, видот на апликантите што ги исполнуваат условите и бројот на вклучени партнери.

(2)      Жан Моне активностите се отворени за организации од целиот свет.

(3)      Предмет на потпишување на билатералните договори за асоцијација

 

 

Корисниците може да ги пријават трошоците за работата извршена од волонтери во рамките на акција врз основа на единечни трошоци одобрени и дефинирани во Одлуката на Комисијата (2019) 2646. Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални инструкции за подобноста на волонтерските трошоци.

 

5.    Краен рок за поднесување на апликациите

 

Сите рокови за поднесување на апликациите наведени подолу се според бриселско време.

 

Клучна акција 1
Мобилност на поединци во областа на високото образование 23 февруари 2023 година во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областите на стручното образование и обука (VET), училишнотообразование и образованиетона возрасни 23 февруари 2023 година во 12:00 часот
Мобилност на кадар од областа на спортот 23 февруари 2023 година во 12:00 часот
Меѓународна мобилност која вклучува трети земји кои не се поврзани со програмата 23 февруари 2023 година во 12:00 часот
Еразмус акредитации во стручното образование и обука (VET), училишнотообразование и образованиетона возрасни 19 октомври 2023 година во 12:00 часот
Еразмус акредитации во областа на младите 19 октомври 2023 година во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областа на младите 23 февруари 2023 година во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областа на младите 4 октомври 2023 година во 12:00 часот
DiscoverEU – Акција за инклузија 4 октомври 2023 година во 12:00 часот
Виртуелни размени во областа високотообразование и младите 26 април 2023 година во 17:00 часот

 

Клучна акција 2
Партнерства за соработка во областа на образованието, обуката и младите, освен оние поднесени од европски НВО 22 март 2023 година во 12:00 часот
Партнерства за соработка во областа на образованието, обуката и младите поднесени од европски невладини организации 22 март 2023 година во 17:00 часот
Партнерства за соработка во областа на спортот 22 март 2023 година во 17:00 часот
Партнерства за соработка во областа на младите освен оние поднесени од европски невладини организации 4 октомври 2023 година во 12:00 часот
Партнерства од малобемво областа на училишното образование, стручното образование и обука, образованието на возрасните и младите 22 март 2023 година во 12:00 часот
Партнерства од малобемво областа на училишното образование, стручното образование и обука, образованието на возрасните и младите 4 октомври 2023 година во 12:00 часот
Партнерства од малобемво областа на спортот 22 март 2023 година во 17:00 часот
Центри за стручна извонредност 8 јуни 2023 година во 17:00 часот
Aкција Еразмус Мундус 16 февруари 2023 година во 17:00 часот
Сојузи за иновации 3 мај 2023 година во 17:00 часот
Проекти насочени кон иднината 15 март 2023 година во 17:00 часот
Градење на капацитети во областа на високото образование 16 февруари 2023 година во 17:00 часот
Градење на капацитети во областа на стручното образование и обука 28 февруари 2023 година во 17:00 часот
Градење на капацитети во областа на младите 8 март 2023 година во 17:00 часот

 

 

Клучна акција 2
Градење на капацитети во областа на спортот 22 март 2023 година во 17:00 часот
Непрофитни европски спортски настани 22 март 2023 година во 17:00 часот

 

 

Клучна акција 3
Eвропските млади заедно 9 март 2023 година во 17:00 часот

 

 

Жан Моне активности и мрежи 14 февруари 2023 година во 17:00 часот

 

Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални инструкции за поднесување на апликациите.

 

6.    Подетални информации

Деталните услови на овој повик за предлог-проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во Водичот за програмата Еразмус+ за 2023 година на следната интернет адреса:

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/programme-guide

Водичот за програмата Еразмус+ е составен дел на овој повик за предлог-проекти и условите за учество и финансирање изразени во него целосно важат за овој повик.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе