Почитувани,
Набавката за дигитализација на матичните книги ,се спроведува согласно стратешкиот план на Владата на Република Северна Македонија и стратешкиот план на Управата за водење на матичните книги по предходно усвоен буџет за тековната година за 2020-2024 година. Управата за водење на матичните книги секоја година доставува акциски план и известување до Владата за реализација на овој проект кој што е стратешки приоритет на Владата и Управата за водење на матични книги.
Во 2021 година е поднесена пријава за набавката на дигитализација на матичните книги до Финансиката полиција и Основното Јавно обвинителство за гонење на огранизиран криминал и корупција Скопје. Истите постапија по предметот согласно своите овластувања и од страна на Управата за водење на матичните книги е доставена целокупната документација за набавките.
Управата за водење на матичните книги нема добиено известување за поднесена кривична пријава за лицата вработени во Управата. Откако истите ке бидат доставени до Управата согласно законските одредби и правилниците дополнително ке се определат мерки за лицата.
Со почит,
Управа за водење на матични книги
Министерство за правда
https://www.pravda.gov.mk/
Извор: Министерство за правда