spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторГрадски паркинг Скопје: Исплата на регрес за годишен одмор (К-15) на своите...

Градски паркинг Скопје: Исплата на регрес за годишен одмор (К-15) на своите вработени

По направената анализа на финансиските резултати постигнати во последните два месеци се покрена иницијатива за исплата на регрес за годишен одмор на вработените.

Пред се’ позитивниот и значително зголемен раст на финансиските приходи во сите сектори на претпријатието, се должи на исклучителниот и максимален вложен труд на сите вработени. По презентирањето на овој финансискиот раст пред Синдикатот, Надзорниот одбор и Управниот одбор, усогласено беше донесена одлука за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година во износ од по 12.000 денари.

Исплатата на регресот за годишен одмор е  значајна поддршка во време на економска криза, со што ќе им олесни на вработените во справувањето со зголемувањето на цените за живот.

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг Скопје 

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...