Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од утре, среда (28.12.2022 год) прекинува да важи одлуката за бесплатен превоз за сите граѓани во јавниот превоз, која времено се донесе како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.
Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.
Град Скопје ќе продолжи и натаму да ја следи состојбата со аерозагадувањето и во случај од потреба за повторно активирање на мерките, меѓу кои и бесплатен јавен превоз, ЈСП Скопје навремено ќе ја информира јавноста.
Извор: ЈСП Скопје