Аеродром: Избрани решенија за идеални проекти за изведба на две детски градинки

ОпштиниАеродром: Избрани решенија за идеални проекти за изведба на две детски градинки

Најчитано

На конкурсот што неодамна го објави Општина Аеродром за идејни проекти за изведба на две детски градинки се избрани изработки на две решенија од вкупно 37 пријавени кандидати.

Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир, со што се реализираат ветувањата на градоначалникот Тимчо Муцунски за решавање на најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата.

Водејќи сметка за квалитетот на градбата, посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, беше ставен на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес.

Стручната комисија составена од универзитетски професори од факултетот за архитектура, експерти и стручни лица во областа ги избра следните решенија:

1

На конкурсот за избор на идејно решение за изградба на нова детска градинка во Општина Аеродром на локалитетот „Бисер АРМ“ се доделени награди на следните 3 автори:

Реден бр. Конкурсно Решение – ШИФРА АВТОРИ
 

1

 

МАМ1896

 

Андреј Прошевски

Методија Ѓорѓиев

Маја Даскаловска

 

2

 

СУСХИ

 

ПРОКСИ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ

 

 

3

 

ПЛАТО

 

 

ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ

2

На конкурсот за избор на идејно решение за изградба на детска градинка „Пчелка 1“ на ЈУДГ „Буба Мара“ во Општина Аеродром за изработка на Идеен архитектонски проект за матичен објект за детска градинка и јасли во населба Лисиче, во опфатот на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за населба Лисиче – бараки Урбан блок 2 се доделени награди на следните 3 автори:

 

 

 

Реден бр. Конкурсно Решение – ШИФРА АВТОРИ
 

1

 

ДВОР

 

АР АРХИТЕКТУРА СТУДИО ДООЕЛ Скопје
 

2

 

POV@2022

 

МБМ АРХИТЕКТИ ДООЕЛ СКОПЈЕ

 

 

3

 

ТЕПИХ

 

Елена Пазарџиевска Ристовска

Мери Петрушевска

Душица Димовска Сиркарова

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе