HomeМинистерстваМТСП: Преку соработка со граѓанскиот сектор до соодветни социјални услуги за граѓаните

МТСП: Преку соработка со граѓанскиот сектор до соодветни социјални услуги за граѓаните

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети долгогодишниот партнер на министертвото во борбата против трговијата со луѓе Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ Скопје. За време на посетата на здружението министерката се сретна со жртви на трговија со луѓе кои што се згрижени во Центарот за жртви на трговија со луѓе.

„Со склучување на управeн договор за социјална услуга овозможуваме функционирање на Центарот за жртви на трговија со луѓе во кој услугата ја добиваат жртвите на трговија со луѓе во согласност со меѓународните стандарди за заштита. За нас како Министерство на прво место е заштита на човековите права на жртвите и справување со трговијата со луѓе особено со трговијата со деца и заштита на нивниот најдобриот интерес.  Процесот на заштита е  долготраен и мултисекторски во кои се посветува посебно внимание на безбедно сместување, здравствена заштита, правна помош, социјална заштита, образование и економска поддршка. Наша крајната цел е да им се помогне на жртвите да се најде трајно решение кое ќе ги адресира сите нивни потреби за заштита и ќе се подготват за интеграција во заедницата.“ истакна Тренчевска во непосреден разговор со претставниците на здружението.

Помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ на почетокот на оваа година е потпишан управен договор за давање на услугата привремен престој во Центар за привремен престој за жртви на трговија со луѓе.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија