Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити се сретна со амбасадорот Килијан Вал – новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје со кој разговараа за реформите, плановите и предизвиците од кои се очекуваат вистински промени.
Министерот Алити го информираше амбасадорот за обврските и развојот на политиките на Министерството за информатичко општество и администрација, особено за заедничките приоритети како јавна администрација, односно за финализирање на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како и за новата стратегија за реформи во јавната администрација 2023-2030 година, а воедно му се заблагодари за досегашната поддршка на ОБСЕ во оваа насока.
На средбата, Алити порача дека со процесот на реорганизација и соодветните закони кои се вклучени во реформите, оптимисти сме дека ќе успееме да создадеме професионална и ефикасна јавна администрација, која на прво место ги исполнува потребите на граѓаните, паралено и европските стандарди.
,,Разговаравме и за прашањето за медиумите, каде што нагласив дека сме фокусирани и посветуваме посебно внимание на секоја акција што ја преземаме, бидејќи медиумите се навистина една од нашите најчувствителни компоненти”, истакна Алити.
Министерот потенцираше дека посветеноста на ОБСЕ претставува витален елемент во сите процеси во земјата и изрази подготвеност за продлабочување на соработката, заблагодарувајќи му се на амбасадорот за неговата посета, при што двајцата се согласија средбите да бидат почести.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација