spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Промоција на документарен филм “Пиротско маало низ времето”

Куманово: Промоција на документарен филм “Пиротско маало низ времето”

Вчера вечер во Занаетчиски дом – Куманово премиерно беше прикажан документарниот филм “Пиротско маало низ времето”, проект на Љиљана Тричковиќ, реализиран со поддршка на Општина Куманово.


Популарното пиротско маало настанало во почетокот на 20 век, со населување на жители од пиротскиот крај, кои се доселувале во овие краишта барајќи подобри услови за егзистенција.

Промотор на документарецот Христина Алексовска, директорка на ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски” – Куманово, се осврна на традиционалните обичаи карактеристични за жителите на ова маало низ годините, преку сведоштвата на соговорниците на кои се базира филмското остварување.

На промоцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, членови на Советот на општината и претставници на општинската администрација.

 

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...