Владата на Република Северна Македонија на 121 седница одржана на 24 јануари 2023 ја усвои Информацијата во врска со спроведено оценување на Комисијата за оценување и анализа на резултатите добиени од спроведеното мерење на квалитет согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите
Министерството за информатичко општество и администрација заврши со реализација на нов циклус на „Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите“, предвиден во рамки и во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022.
Имплементацијата на оваа Методологија овозможува идентификација на институциите кои успешно работат и кои испорачуваат ефективни и ефикасни услуги до корисниците. Истите треба со презентирање на резултатите да се мотивираат за уште поквалитетно работење, како и да се поттикнат институциите со послаби резултати да учат една од друга преку споделување на добрите практики од нивното работење, со цел подобрување на услугите и задоволството на корисниците.
Во мерењето на задоволството од испорака на услугите учествуваа: Министерство за правда, Министерство за образование и наука, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен здравствен и санитарен инспекторат, Министерство за информатичко општество и администрација – Државен Управен инспекторат, Управен Суд на Република Северна Македонија, Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје , Националната Установа Музеј на Македонија – Скопје, ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје и ЈУ Меѓуопштинското центар за социјални работи Струмица.
МИОА потребните податоци ги собираше преку дистрибуирани прашалници до номинираните контакт лица во институциите, Анкета за мерење на задоволството на корисниците“ и „Таен клиент“.
По добиените резултати, Комисијата за оценување и анализа на резултатите добиени од спроведеното мерење на квалитет изврши евалуација на институциите преку оценка на пополнетиот прашалник од институцијата, резултатите од спроведената анкета, резултатите од спроведеното истражување „таен клиент“ и го утврди степен на квалитет на работа на институциите.
Од спроведеното истражување и користените различните методолошки алатки, Министерство за образование на Република Северна Македонија покажа највисок степен на квалитет на работењето. За ефикасна и ефективна реализација на проектот, неопходно е да продолжи соработката и отвореноста на институциите, како и консеквентно зголемување на квалитетот на работа на институциите во сите области.
Министерството за информатичко општество и администрација според Методологијата, континуирано секоја година, со нови 10 институции ќе врши мерење на индекс на квалитет на работата на институциите.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација