HomeОпштиниБитола: Продолжува соработката со Бизнис секторот

Битола: Продолжува соработката со Бизнис секторот

spot_img
spot_img

Со цел согледување на состојбите и потребите кои ги има бизнис секторот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски имаше посета на две компании, кои успешно работат во Битола, а се лоцирани на улица „Бурса“.

При посетата на ЕРИ корпорација ДООЕЛ Битола, која е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти, градоначалникот беше информиран дека во моментот во компанијата во Битола, работат 250 вработени и дека компанијата бележи успешност во работењето. На средбата се разговараше и за соработката, која ја воспостави локалната самоуправа со оваа општествено одговорна компанија, во делот на реализацијата на настани, кои го збогатуваат културното живеење во градот.

Градоначалникот Коњановски, ја посети и фирмата „АБЦ Дојчиновски“ која нуди широка палета на камини и разни топлотни решенија за домови, канцелариски простор или индустриски капацитети.

На средбата со претставниците на двете компании, градоначалникот Коњановски, разговараше, за неопходноста од инвестиции во патната инфраструктура, која води до објектите, со што значајно ќе се подобрат условите за пристап до компаниите кои работат во поранешниот комплекс „Фрижидери“. Градоначалникот Коњановски, нагласи дека, општината веќе работи на реализација на проектот за улица „Бурса“ (поранешна „Индустриска“) во должина од 2410 метри, на потегот од ул. „Македонска фаланга“, до пред базата на „Гранит“.

Реконструкцијата ќе опфати решение на делот на одводнувањето и заостанатите атмосферски води, што е честа појава на оваа локација.  Улицата опфаќа дел од поранешната индустриска зона на Битола, а имајќи го предвид зголемувањето на инвестициите таму, локалната самоуправа, настојува преку подготовка и реализација на проектни решенија, комплетно да ги подобри условите во овој дел на градот.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија