,,Меѓународна соработка во сајбер просторот“, е наслов на панелот на којшто говореше министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, во рамки на конференцијата ,,Cybertech Global”, меѓународен самит на сајбер индустријата во Телавив, на кој учествуваа водечки компании, високи владини претставници, иновативни стартапи инвеститори во сите сектори.
Министерот Алити рече дека нашата земја континуирано и посветено работи на развивање на својата инфраструктура и способности за сајбер безбедност, преземајќи чекори за градење партнерства со субјекти од приватниот сектор и меѓународни организации.
,,Во последните години започнавме неколку активности, како проектот што го имаме со УСАИД за работната група за сајбер безбедност во критичната инфраструктура и нашата цел за создавање на Агенција за сајбер безбедност, како и Сајбер совет, особено што во вториот ќе имаме членови од приватниот сектор, со идеја за продлабочување на соработката помеѓу јавните и приватните организации во заедничко справување со сајбер заканите“, рече министерот Алити.
Со оглед на неговото искуство во тие области, министерот Алити оцени дека Јавно-приватната меѓународна соработка во сајбер доменот е од суштинско значење за справување со растечките предизвици и ризици, преку меѓусебно споделување на заеднички стандарди, искуства, информации и најдобри практики.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација