spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Испратена екипа на БППЗ Скопје во Газиантеп

Град Скопје: Испратена екипа на БППЗ Скопје во Газиантеп

Како првична и интервентна мерка градот Скопје испрати екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кон Газиантеп каде ќе биде ставена на целосно располагање на турските власти за сите потреби на спасувачката акција.

На утрешната седница на Советот на град Скопје предложивме и точка на дневен ред за одобрување на 6 милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и Сирија.

Во контакт сме и со локалните власти од Газиантеп, и се што ќе произлезе како потреба на тамошните власти, градот Скопје го става на располагање.

Скопје знае што значи солидарност. Скопје е град на солидарноста!

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...