spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Ќе ги повикам сите актери од ИТ светот да гледаат на...

МИОА: Ќе ги повикам сите актери од ИТ светот да гледаат на нашата земја како добра шанса за имплементација на иновативни решенија

„Почитувани граѓани, од вчера – 28 јуни до 1ви јули учествувам на најголемиот настан за мобилни комуникации Mobile World Congress, тука во Барселона. На овој настан присуствуваат првенствено производители на уреди, даватели на мрежна опрема, претставници на безжични оператори, владини претставници и делегации, како и медиуми, меѓу другите. Настанов е одлична шанса не само за претставување на нашата држава пред нашите партнери со конкретни проекти и активности кои што ги преземаме во правец на дигитализацијата, подобрување на поврзливоста, подобрување на дигиталните вештини на граѓаните, туку и воспоставување на нови партнерства, иницијативи и повик до најголемите чинители од индустријата во светски рамки да ја гледаат Република Северна Македонија како добра шанса за имплементација на иновативни решенија од интерес на граѓаните.

 

Инсистирам, со воведување на роаминг-фрее со 6-те земји од Западен Балкан, да се искористи моментумот за нови национални и регионални проекти и соработка и Северна Македонија да го фати чекорот со државите од Западна Европа во делот на подобри мрежи за Интернет, поевтини услуги, поголемо присуство на големи корпорации и бизниси кои што ќе значат и нови работни места и подобри услуги, особено на државните институции. Вчера само имав повеќе средби, билатерални со претставници и колеги министри од неколку држави кои што предничат во Европа со степенот на дигитализација и електронски комуникации, претставници на Меѓународната унија за телекомуникации – ИТУ (ај-ти-ју), претставници на ГСМА (џи-ес-ем-еј), производители, партнери како што е Дојче Телеком, итн.

 

Денес, а и во следните денови повторно ќе имам повеќе средби каде што на заинтересираните им ги презентирам можностите за соработка и потребите на нашата држава, односно сегашната состојба и Владината програма кон дигитализацијата, особено што сега е и дел на Националната стратегија за ИКТ која што е во процедура на усвојување. Неколку од тие теми се 5Г инфраструктурата, партнерствата за телекомуникации од следната генерација, вештачката интелигенција во функција на подобро корисничко искуство, дигитално здравство, блокчејн, Internet of things, итн. Сево ова треба да значи дека граѓаните ќе добијат повеќе и подобри услуги за исти или пониски цени од операторите, нови дигитални решенија и услуги од дома и секако на крај, државата ќе има економски бенефит и повисок стандард за граѓаните.

 

Ковид пандемијата и безбедносните ризици кои што ги носи новото време е предизвик кој што треба да се третира сериозно, професионално и со највисок приоритет. Сајбер просторот е полето каде што ќе одвиваат најголемите војни во следниот период и ние како Европска држава мора да се однесуваме одговорно, имајќи го во предвид националниот интерес, безбедноста и сигурноста на граѓаните, и подобрената економија“, порача министерот Шаќири.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...