За време на престојот во Барселона, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири заедно со директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Јетон Акики, остварија средба со Доминик Лерој, член на управниот одбор на Дојче Телеком.
За време на состанокот се разговараше за прашања од заеднички интерес меѓу МИОА и Телеком, нови телеком услуги и проекти за наши граѓани и проекти планирани за нови инвестиции, подобрување на дигиталната комуникациска инфраструктура, нови технологии како што се 5G, SmartCity, решенија за заштита на животот, животната средина и дигиталниот екосистем како целина, како и можната помош што Телеком ќе ја добие од јавните институции со цел да ги спроведе овие проекти.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација