Почитувани корисници,
Како последица на пандемијата на COVID – 19 вирусот во државите ширум светот дојде до значајни промени и во меѓународното поштенско работење.
АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје е во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и своето меѓународно работење го прилагодува на постојната состојба.
Пописот на држави за кои е овозможено испраќање на поштенски пратки може да се види на следниот линк:
ДРЖАВИ за кои може да се праќаат поштенски пратки и истиот се ажурира согласно околностите во државите.
Ги повикуваме сите корисници пред испраќање на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај да го проверат редовно ажурираниот попис на држави за кои може да се испраќаат поштенски пратки.
Напоменуваме дека, заради актуелната ситуација со COVID – 19 вирусот, авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки вршат промени на летовите на дневна основа. Со оглед на тоа, а и заради редуцираниот број на летови, очекувани се поголеми задоцнувања во транспортот.
АД „Пошта на Северна Македонија“– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во државата се доставуваат до крајните корисници односно примачи.
Ви благодариме на подршката и разбирањето.
Извор: Пошта