spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: За прв пат се остварува правото на користење на надоместок за...

МТСП: За прв пат се остварува правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, усвоена Програмата за обезбедување на социјална сигурност

Владата на Република Северна Македонија на редовната седница одржана на 7.02.2023 година ја усвои Предлог Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност за 2023 година.

Со оваа програма, за прв пат се остварува правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност.

Со усвојувањето на оваа Програма, започна реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.

Целната група која ќе ја имаа оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, а тоа се оние земјоделци кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос, поради што не можат да остварат платено породилно отсуство.

 

Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година и исполнува повеќе услови, помеѓу кои, да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејното земјоделско стопанство во кое членува, да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари и да има непрекинат статус на осигуреник индивидуален земјоделец, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале никаков надоместок за раѓање на дете односно платено породилно отсуство.

Оваа активност се реализира со огромна поддршка на  Министерството за труд и социјална политика кое беше вклучено од самиот почеток во процесот и активностите за изнаоѓање на решение за овие жени заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Националната федерација на фармери кои ја покренаа оваа иницијатива.

Исто така во сите активности во континуитет беа вклучени и жените фармери од руралните средини кои дадоа огромен придонес за изнаоѓање на ова решение.

Работната група која работеше на оваа активност беше претставена и од вработени стручни лица во  Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделсво, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравство и Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....