spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија и Хрватска се цврсто посветени на промовирање и споделување на...

Северна Македонија и Хрватска се цврсто посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, во Минхен, остварија средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. На средбата, премиерите разговараа за одличните билатерални односи, како и интензивниот политички дијалог и конструктивна соработка во сите сфери од заеднички интерес.

Двајцата премиери констатираа дека како НАТО сојузници, Северна Македонија и Хрватска се цврсто посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности, одговорност кон НАТО и придонес во меѓународните мировни операции. Премиерите споделија заеднички ставови и приоритети во однос на состојбите на регионално и мултилатерално ниво, пред сè за стабилност и напредок на Регионот.

Ковачевски му се заблагодари на Пленковиќ за цврстата и континуирана хрватска поддршка во евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Реорганизација на основните училишта

0
Почитувани сограѓани, Ве информираме дека Советот на општина Карпош ја усвои Одлуката за утврдување на реони на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територија...