spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршка за евроинтеграциите, местото на Северна Македонија е во Европската Унија

Поддршка за евроинтеграциите, местото на Северна Македонија е во Европската Унија

На маргините на Минхенската безбедносна конференцијата премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, се сретнаа со претседателот на ПЕС Стефан Лофвен.

На средбата разговараа за евроинтеграциите и потребата од забрзан пат на Северна Македонија до полноправно членство во Европската Унија. Претседателот на ПЕС изрази силна поддршка за реформите кои Северна Македонија ги спроведува за забрзано европеизирање на земјата.

Со политиките на Владата се обезбеди стратегиската цел, членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ со што уште еднаш се потврдија силните заложби дека земјата е на страната на мирот, стабилноста, добрососедските односи и економски раст и развој со кои обезбедуваме подобар живот за сите.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте