Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир.
На средбата беше разговарано за прогресот на активностите што се преземени од претходната нивна средба до сега. Евроамбасадорот уште еднаш ја нагласи својата поддршка и ги поздрави сите напори на Локалната самоуправа во насока за зачувување на статусот на УНЕСКО „Природно и културно наследство на охридскиот регион“.
Извор: Општина Охрид