spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторНШ: Јавен оглас

НШ: Јавен оглас

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2023

за засновање на работен однос на определено време за 28 (дваесет и осум) лица до 31.12.2023 година

 

mkd shumi

Врз основа на член 22 став 1 алинеа 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2023

за засновање на работен однос на определено време за 28 (дваесет и осум) лица до 31.12.2023 година

За следните работни места распоредени по Подружниците и Дирекцијата во претпријатието:

 

  1. Подружница ШС „Бабуна“ – Велес
  1. Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Јабланица“ – Струга
  1. Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  2. Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Кратово“ – Кратово
  1. Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Липа“ – Крушево
  1. Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Лопушник“ – Кичево
  1. Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Демир Капија“ – Демир Капија
  1. Помлад соработник за правни работи – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Осогово“ – Крива Паланка
  1. Оператор на евидентни картони – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Кожув„ – Гевгелија
  1. Референт – архивар – 1 (еден)  извршител
  2. Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Малешево“ – Берово
  1. Магационер на склад – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Караџица“ – Скопје
  1.  Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Беласица“ – Струмица
  1.  Референт – благајник – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Голак“ – Делчево
  1.  Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  2.  Помлад соработник за финансии –1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Куманово“ – Куманово
  1.  Соработник за застапување – 1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Лешница“ – Тетово
  1.  Помлад соработник за финансии –1 (еден) извршител
  2.  Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Преспадрво“ – Ресен
  1.  Помлад соработник за финансии – 2 (два) извршители
  1. Подружница ШС „Шар“ – Гостивар
  1.  Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Црн Бор“ – Прилеп
  1.  Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  1. Подружница ШС „Куманово“ – Куманово

18.1  Магационер на склад – 1 (еден) извршител

  1. Дирекцијата на ЈП Национални шуми – Скопје
  1. Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  2.  Самостоен референт за сметководствени работи – 1 (еден)  извршител
  3.  Соработник за застапување – 1 (еден) извршител
  4.  Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  5.  Референт – благајник – 1 (еден) извршител

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да е полнолетен, активно да го користи македонскиот јазик, да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

  • За работното место Соработник за евиденција на побарувања и обврски

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент);

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 24.480,оо денари;

  • За работното место Соработник за застапување

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Правни науки,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 24.480,оо денари;

  • За работно место Помлад соработник за финансии

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент)

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 22.940,оо денари;

  • За работно место Помлад соработник за правни работи

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Правни науки,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 22.940,оо денари;

  • За работно место Оператор на евидентни картони

Стручни квалификации: Средно образование – гимназија ,економско , шумарско,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 18.000,оо денари;

  • За работно место Референт – архивар

Стручни квалификации: Средно образование – гимназија , шумарско,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 18.000,оо денари;

  • За работно место Магационер на склад

Стручни квалификации: Средно образование – гимназија ,економско , шумарско,

Работно искуство: со најмалку две години работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 19.100,оо денари;

  • За работно место Референт – благајник

Стручни квалификации: Средно образование – економско, гимназија

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 18.000,оо денари;

  • За работно место Самостоен референт за сметководствени работи

Стручни квалификации: Средно образование – економско, гимназија

Работно искуство: со најмалку три години работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 21.540,оо денари;

 

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, во подружниците од 07 – 15 часот и дирекцијата од 07.30 – 15.30 часот.

Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:

  • Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат
  • CV – кратка биографија
  • Уверение за државјанство
  • Доказ за завршено образование – копија
  • Доказ за работно искуство
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
  • Доказ за активно познавање на јазици
  • Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Св.Климент Охридски” бр. 68 – 1000 Скопје.

Огласот трае 5 работни дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 09.03.2023 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

 

Превземи пријава

Назад

 

 

 

 

Извор: Национални шуми

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...