spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструкција на улицата Александар Урдаревски

Град Скопје: Реконструкција на улицата Александар Урдаревски

Градоначалничката на Град Скопје завчера најави целосна реконструкција на улицата Александар Урдаревски која е под надлежност на Град Скопје, важен проект ветен во програмата За модерно Скопје, кој ќе го изведува Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.

 

Со целосна реконструкција, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните.

Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9600 м2 и должина од 1270 метри, изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...