Во основното училиште Св.Кирил и Методиј вчера беше пуштена во употреба нова фискултурна сала, а целото населено место Стајковци доби нов спортски комплекс.
Фискултурната сала ќе го носи името на Бобан Ивановиќ, македонски херој кој го загуби животот во одбрана на Република Македонија во настаните во Диво Насеље, а спортскиот центар ќе го носи името на Иван Илиев дете, кое го загуби својот живот во големите поплави во 2016 година.
Инвестирајќи во спортот, ние знаеме дека инвестираме во вистински вредности, здрави генерации и силни индивидуи.
Извор: Општина Гази Баба