spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Директорот Мојсовски оствари средба со претставници на RYCO

АМС: Директорот Мојсовски оствари средба со претставници на RYCO

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски  оствари средба со претставници на RYCO (Регионалната канцеларија за соработка на младите) вклучувајќи ги и Генералниот секретар на RYCO, Алберт Хани, Заменик-генералниот секретар, Денис Пиплаш, младинскиот претставник на младите на Република Северна Македонија во Управниот одбор на RYCO, Блажен Малевски, шефот на локалната канцеларија на RYCO во РСМ, Владимир Ѓорѓевски како и претставниците на GIZ регионалната канцеларија лоцирана во Сарајево, БиХ. Присутни беа и Ѓорѓи Тасев и Милан Живковиќ од Кабинетот на Претседателот на Владата на РСМ кои се директно вклучени во процесите на RYCO.

Директорот Мојсовски, како претставник на Владата на РСМ во Управниот одбор на RYCO, потенцираше за важноста на процесот кој периодов се финализира а се однесува на функционалноста на Секретаријатот на RYCO во Тирана, Р. Албанија и локалните канцеларии во Западен Балкан. Со тоа ќе се овозможи не само подобра координираност, туку и поставување на цврсти темели за иднината на соработката на младите од регионот кои ги споделуваат вредностите на Европската Унија.

Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува ваквите успешни проекти преку RYCO кој е дел од самиот Берлински процес отпочнат во 2017та година.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...