HomeМинистерстваМЕ: Северна Македонија дава целосна поддршка за возобнобување на енергетскиот сектoр на...

МЕ: Северна Македонија дава целосна поддршка за возобнобување на енергетскиот сектoр на Украина

spot_img
spot_img

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари билатерална средба со министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој што се одржува во Загреб. На состанокот присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски

Двајцата министери разговараа за актуелни прашања за билатералната енергетска соработка, како и за градење на регионалната коалиција за енергетска безбедност наспроти тековната руска воена агресија против Украина.

Министерот Бектеши истакна дека Северна Македонија целосно ги поддржа сите сакнции на Европската унија против Русија и ќе ги поддржи сите санкции кои ќе бидат превземени во иднина. Ние како држава даваме целосна поддршка за Украина и воено и финансиски, но и во енергетскиот дел.

“Ние ја даваме целата поддршка која е потребна за возобнување на енергетскиот систем на Украина. Северна Македонија согласно можностите ќе учествува во сите напори за реконструкција на енергстскиот сектор на Украина. Ние сме на ваша страна” кажа министерот Бектеши на средбата со неговиот украински колега.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија