Општина Битола почнува со реализација на градежните активности за реконструкција на улицата „Кленовец“, каде ќе се изведуваат реконструктивни зафати за промена на водоводната и канализационата мрежа и реконструкција на коловозот. Отпочнувањето на градежните активности ќе биде од спојот на улицата „Стив Наумов“ со улица „Кленовец“.
Имајќи предвид дека станува збор за тесна улица, се известуваат граѓаните кои живеат во овој дел на градот, да не ги паркираат возилата на улицата, со цел да овозможат непречено одвивање на градежните активности.
Извор: Општина Битола