spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Награда од публиката на Фестивал на монодрама

Битола: Награда од публиката на Фестивал на монодрама

На последниот фестивалски ден од годинешното 22 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, беа доделени наградите на најдобрите актери.

Градоначалничката Наташа Петровска, ја додели наградата од публика која традиционално ја доделува Општина Битола, нај актерот Ефтим Гаурски за монодрмата „Избувливиот човек“ во режија Перо Даниловски, а во продукција НУЦК „Бели Мугри“- Кочани.

Во конкуренција на 10 монодрами, монодрамата „Последната лента на крап“ во режија и изведба Ѓорги Јолевски, копродукција на Народен театар од Скопје и Перипетија продукција, ги освои наградите Гран при и за најдобра режија.

Наградата за најдорбо актерско остварување ја доби Билјана Драгичевиќ-Пројковска за улогата во монодрамата „Кармен“, во режија и драматизација на Дејан Пројковски, продукција Драмски театар Скопје.

Во чест на наградените, во Народниот театар беше одиграна претставата „Луди за љубов“ во режија на Јован Ристовски, во кој настапија актерите Борис Чоревски, Илина Чоревска, Хари Михајловски и танчерот Валентино Апостоловски.

Извор: Битола

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...