Од 7-9 март 2023 година, Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави заеднички спроведоа Rабитилница во рамките на Иницијативата за безбедност од пролиферацијата (PSI-Proliferation Security Initiative), која се одржа во Скопје. Работилницата официјално беше отворена од страна на Фатмире Исаки, заменик министер за надворешни работи и Скот Ман, директор за транснационални закани (DoD) на САД.
Во текот на трите дена, цивилните и воени лидери претставници на над десетина земји членки на иницијативата и набљудувачи ги разгледаа трендовите во пролиферација на оружјата за масовно уништување, меѓународните и националните правни механизми и институции за спречување на пролиферација на оружја за масовно уништување, како и прашања поврзани со задржување и инспекција на пратки кои потенцијално може да пренесуваат оружја за масовно уништување, системи за нивно пренесување или на поврзани материјали. Работилницата опфати и експертски брифинзи и сценариска вежба фокусирани на интерната меѓувладината размена на информации и процесот на носење одлуки поврзани со потенцијални активности за пролиферација на оружја за масовно уништување во регионот.