31.05.2023 – 02.06.2023
Хаг, Холандија (Hague, Netherlands)
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Холандија, објавува јавен повик за учество на 3 учесници на семинарот „Да разговориме за Еразмус повелбата за високо образование, што со спроведувањето на принципите на Еразмус повелбата за високо образование (ECHE)“.
Еразмус повелбата за високо образование (ECHE) обезбедува општа рамка за квалитет за активностите за европска и меѓународна соработка. Како алатка, ECHE има посебна моќ, со тоа што високообразовните институции во програмските земји кои сакаат да учествуваат во Еразмус+ мора прво да аплицираат за Еразмус повелба за високо образование, а потоа да аплицираат на отворен повик. Високообразовните институции во трети земји кои не се поврзани со програмата, а кои сакаат да учествуваат во индивидуалната мобилност на Еразмус+, исто така, мора да гарантираат дека ќе ги применат принципите што ги содржи Еразмус повелбата за високо образование.
Принципите не се нови. Тие се надоврзуваат на правилата и алатките елаборирани во последните децении со цел да се обезбеди транспарентност, правичност и ефективност во организацијата на студентската мобилност. Меѓутоа, во новата Еразмус повелба за високо образование, беа додадени повеќе принципи и тоа: зелен Еразмус, дигитална транзиција, учество во демократскиот процес.
Доделувањето на ECHE бара поголемо вклучување на персоналот на високообразовните институции во негување на институционална култура на стратешко размислување, транспарентност, правичност, ефективност и вистинско воведување на новите принципи на политика, наместо да се промовира поедноставено придржување кон формалните правила.
Националните агенции имаат задача да следат како високообразовните институции се усогласени со принципите на ECHE. Тие ги охрабруваат и поддржуваат високообразовните институции во спроведувањето на принципите.
Во текот на овој семинар ќе биде дискутирано за следниве прашања:
– Каква е состојбата во однос на имплементацијата на принципите на ECHE од страна на високообразовните институции во Европа?
– Како високообразовните институции ја мобилизираат имплементацијата на принципите на ECHE „дома“?
– Кој е вклучен во спроведувањето на ECHE во високообразовните институции?
– Како Националните агенции го следат ECHE?
– Дали постои стратегија за ECHE на ниво на НА и/или високообразовните институции?
– Кои конкретни промени/подобрувања треба да бидат постигнати кога станува збор за спроведувањето на ECHE? (акционен план!)
– Семинарот ќе се фокусира на ECHE и (меѓународната) мобилност како целина.
Целите на семинарот се:
– ECHE од напишано на лист хартија да стане динамичен внатрешен инструмент за квалитет.
– Зајакнување на квалитативната имплементација на ECHE преку демонстрирање на важноста на принципите.
– Ширење и размена на добри практики меѓу засегнатите страни: високообразовни институции, НА, студентски организации.
– Да се состави листа на потреби и акционен план во врска со спроведувањето на ECHE во специфичен контекст (НА, нисокообразовни институции).
Семинарот ќе биде практичен настан и вклучува теренска лабораторија/работно место каде што се одржуваат дискусии помеѓу Високообразовни институции, Националните агенции, експертите и студентите. Добрите практики ќе бидат споделени на повеќе работилници.
Очекувани резултати од семинарот се:
– Поголема свест за улогата и важноста на ECHE како инструмент за квалитетот на меѓународните активности за мобилност и влијанието на интернационализацијата.
– Платформа за размена на идеи и добри практики во врска со мониторингот и спроведувањето на ECHE.
– Акциски планови за учесници/организации/НА за спроведување/зајакнување на принципите на ECHE.
– Препораки за Европската Комисија во однос на ECHE.
Целна група на семинарот се:
Еразмус+ координатори кои работат со ECHE во високообразовни институции; експерти, студентски организации.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 31.05.2023 до 02.06.2023 (31 мај е ден на пристигнување, 2 јуни е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
- Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
- Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, потенцијален ПЦР тест)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Хаг, Холандија во периодот од од 31.05.2023 до 02.06.2023. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 31.03.2023 година.
Форма за аплицирање: https://salto-et.net/events/show/NL01_0425_THO_2023
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници на семинарот „Да разговориме за Еразмус повелбата за високо образование, што со спроведувањето на принципите на Еразмус повелбата за високо образование (ECHE)“ и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност