HomeОпштиниИлинден: Засадени нови високорастечки садници во манастирскиот комплекс Дељадровци

Илинден: Засадени нови високорастечки садници во манастирскиот комплекс Дељадровци

spot_img
spot_img

Општина Илинден ја продолжува реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден“ при што денеска во манастирскиот комплекс Дељадровци, беа засадени 30 декоративни високорастечки листопадни дрвца, донација од компанијата Џонсон Мети.

Во засадувањето на садниците учествуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, Владиката г. Григориј – митрополит на Кумановско-осоговска епархија, како и претставници од менаџментот од компанијата кои истакнаа дека спроведувањето на активности од овој вид, се од огромно значење за граѓаните на општина Илинден, преку кои се придонесува за поздрава животна средина и почист воздух.

Во акцијата беа вклучени општинската администрација, вработени од компанијата, како и вработените од ЈКП ,,Илинден”. Еколошките акции во рамки на проектот ,,Зелена Општина Илинден” се врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа, кои продолжуваат и понатаму да се спроведуваат на цела територија на општината.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија