spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу на работен состанок за сајбер безбедност

МИОА: Министерот Алиу на работен состанок за сајбер безбедност

Во рамки на заложбите за зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност, Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска имаше работен состанок со експерти за сајбер безбедност, организирани преку МАСИТ.

На состанокот се разговараше за можностите за соработка меѓу институциите и приватниот сектор, преку формирање на заеднички работни групи и интензивни активности поврзани со информациско комуникациските технологии, сајбер безбедноста и подигнувањето на отпорноста од сајбер напади.

Министерот Алиу истакна дека МИОА е секогаш отворено за соработка и преку конкретни чекори што ќе се преземат ќе се постигне понатамошно развивање на капацитетите во насока на создавање на безбеден сајбер простор и инфраструктура.

Учесниците ја поздравија оваа иницијатива и изразија подготвеност за отпочнување на плодна соработка, ставајќи ја на располагање својата професионалност и стручност  во своите области.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте