HomeОпштиниСопиште: ЈАВЕН ОГЛАС – За формирање на Партиципативно тело

Сопиште: ЈАВЕН ОГЛАС – За формирање на Партиципативно тело

spot_img
spot_img

Врз основа на член 46 од Законот за Урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20), Градоначалнкот на општина Сопиште објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За формирање на Партиципативно тело

За обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање, по иницијатива на Грдоначалникот на општина Сопиште ќе се формира партиципативно тело, кое ќе се состои од членови на комисијата за урбанизам на општина Сопиште, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, а особено од лица кои се претставици од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активности од подрачјето на општината што ги преставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на општината.

Партиципативното тело ќе се формира од  доброволно пријавени лица на овој јавен оглас.

Јавниот оглас ќе трае 30 дена од денот на објавување на веб страната на општина Сопиште www.opstinasopiste.gov.mk и со излагање на истиот во писмена форма на огласна табла во просториите на општина Сопиште.

Во споменатиот рок заинтересираните граѓани и правни лица, можат да ги достават своите доброволни пријави за членување во партиципативвното тело во архивата на општина Сопиште секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот

Општина Сопиште

Градоначалник

Стефче Трпковски

 

 

 

 

Извор: Општина Сопиште 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија