spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСопиште: Изработка на идејно решение за избор на нов грб на Општина...

Сопиште: Изработка на идејно решение за избор на нов грб на Општина Сопиште

Врз основа на член 10 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/2002) и член 7 од Статутот на Општина Сопиште („Службен гласник на Општина Сопиште“ бр. 5/2007) а врз основа на Одлуката од Советот на општина Сопиште бр.02-2864/1 од 01.11.2022 година (“Службен гласник на општина Сопиште” бр.10/2022) и Одлука за измена бр. 02-628/1 од 01.03.2023 година, (“Службен гласник на општина Сопиште” бр.2/2023) , Комисијата за спроведување на постапката за утврдување на грб на општина Сопиште, распишува:

ОГЛАС Бр.2
За изработка на идејно решение за избор на
нов грб на Општина Сопиште

I. ДОГОВОРЕН ОРГАН:
I.1) Податоци за договорниот орган:
I.1.1) Единствен матичен број: 5999235
I.1.2) Назив на договорниот орган: Општина Сопиште
I.1.3) Адреса на договорниот орган: ул. 2 бр. 2 с. Сопиште, Скопје
I.1.4) Контакт телефон: 02/2785-100
Е-пошта: info@opstinasopiste.gov.mk
Факс: 02/2785-109
Интернет адреса: www.opstinasopiste.gov.mk
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Единица на локална самоуправа – општина

II. ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА:
II.1) Предмет на конкурсот:
Изработка на идејно решение за грб на општина Сопиште
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: НЕ.
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од страна на група договорни органи: НЕ.
II.4) Подетален опис на конкурсот:
Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество имаат домашни физички и правни лица. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра. Кандидатите имаат право да се пријавуваат на конкурсот најдоцна во рок од 5 дена од денот на објавувањето на конкурсот.

Изборот на идејните решенија ќе го изврши Комисија за спроведување на постапката за утврдување на грб на општина Сопиштесо мнозинство гласови од нејзините членови и најдобрите идејни решенија ќе му ги предложи на Советот на општината со цел утврдување на нов грб на општина Сопиште. Комисијата има право да не избере ниту еден од доставените трудови.

III. ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: НЕ.
III.2) Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: НЕ.
III.3) Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираното идејно решение:

  • креативност и автентичност на идејното решение за нов грб;
  • техничка издржаност и можност за реализација на решението.
  • при изработка на идејните решенија за грбот на Општина Сопиште, потребно е да се применуваат хералдичките и вексилолошките правила за креирање на грбот;
  • идејните решенија треба да бидат изработени со стилизиран приказ со употреба на симболи кои се инспирирани (произлегуваат) од македонската историја, традиционалните обележја на општина Сопиште, културното наследство, природните реткости, географските карактеристики како и други карактеристики за ова поднебје.
  • идејните решенија за грб се доставуваат во оригинал, до Комисијата за спроведување на постапката за утврдување на грб на општина Сопиште, ул. 2 бр. 2 с. Сопиште, Скопје во затворени пратки под шифра со ознака ЗА КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ГРБ.
  • податоците за авторот да бидат ставени во посебен плик со назнака Податоци за авторот – не отварај!
  • Авторството се докажува со копија од приложените решенија и податоци за авторот.
    ФОРМАТ:
    а) печатена форма
  • изглед на идејното решение во колор, формат А-4;
  • изглед на идејното решение во црно-бело, формат А-4;
    б) електронска форма во векторска графика, со дефинирани бои во CMYK и RGB палета на бои. примерок од идејните решенија во pdf формат.
  • Идејното решение за грб да биде погодно за аплицирање на плакета, меморандум, значка, гравура или друга техника на изработка на различни видови на природни и вештачки материјали;
  • Идејните решенија за грб треба да имаат задолжителен текстуален опис за симболиката на грбот;
  • Идејните решенија треба да се разликуваат од грбовите на другите општини, градот Скопје, Државниот Грб и знаме на РМ како и грбовите на Странските држави, градови, административни единици и меѓународни организации;
  • Авторите заедно со идејните решенијата треба да достават Писмена изјава дека предложеното идејно решение е оригинално;
  • Доколку биде исплатена наградата, а во постапката за добивање на согласност за користење на грбот, биде утврдено дека се работи за плагијат, или авторството му биде оспорено со правосилна пресуда, авторот е должен да ја врати паричната награда во целосен износ;
  • Авторските права на учесниците чии решенија се прифатени за општински симболи и припаѓаат на Општина Сопиште;
  • Идејните решенија што нема да бидат прифатени, не се враќаат на авторите;

    IV. АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
    IV.1) Услови за доставување на идејното решение
    Идејните решенија да се достават во рок од 5 дена сметано од денот на објавување на огласот:
    Место: Горенаведената адреса на Општина Сопиште
    IV.2) Награди:
    Доделување на награди: ДА.
    Доколку пристигнатите идејни решенија ги задоволуваат елементите и критериумите од конкурсот, Советот на Општина Сопиште по предлог на Комисија за спроведување на постапката за утврдување на грб на Општина Сопиште, ќе додели награда за идејно решение.
    Наградата за идејно решение за изработка на грб на Општина Сопиште изнесува 30.000,00 денари.
    Комисија за спроведување на постапката
    за утврдување на грб на општина Сопиште

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...