spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Гаврил Итиќ - Освојувач на Злато на државното првенство во скијање

Карпош: Гаврил Итиќ – Освојувач на Злато на државното првенство во скијање

Карактеристично за зимата е доаѓањето на снегот и секако темпераментните скијачи кои косат по ски терените во нашата држава и пошироко. Така, Маврово е  еден од најпосетените ски центри , а токму  тука, Гаврил Итиќ од Општина Карпош, на свои 11 години, го освојува првото место во Државното првенство кое се одржа неодамна. Итиќ  е уште едно талентирано дете, со кое Општината може  да се пофали.

Неговата приказна започнува од три годишна возраст, кога за прв пат застанува на скиите.

-Почнав да скијам на три години. Најпрво почнав да учам со татко ми, потоа продолжив со персонален тренер, па започнав со клупско тренирање на алпско скијање во скијачкиот клуб ,,ФОКС” во којшто членувам од  2019 година. Тренерот со кој учев да скијам забележа дека многу брзо учам и напредувам, па така продолжив да тренирам. Премногу сум му благодарен на мојот тренер, Дарко Грозданоски и тренерите Александар Анастасовски и Страхиња Поповски.  Во клубот сме како едно големо семејство.  Благодарение на нив, јас скијам  добро –  низ насмевка истакна Гаврил.

За да се постигнат резултати, потребно е да се има љубов и трпение. Гаврил, од мали нозе го засакал скијањето, за него било огромно искуство првото стапнување на снег на скии, по кој ја почувствувал брзината. И покрај тоа што Гаврил започнал да се натпреварува од пред три сезони, тој веќе се гордее со златниот медал на својата полица, од неодамнешното натпреварување на Државното првенство во Маврово.

-Мојата најзначајна награда е освојувањето на прво место на Државното првенство во Македонија, кое се одржа во февруари во Маврово, во велеслалом категорија до 12 години. Меѓу омилените ми е и освојувањето на третото место на алпскиот куп за деца на скијачка федерација на Македонија, кое се случи на почетокот од март. Во претходните сезони, во рамки на натпреварите одржани на територијата на РСМ во алпско скијање ги постигнав следните резултати:

  • Лига на надежи категорија У-12 велеслалом III место,
  • Лига на надежи категорија У-12 слалом II место,
  • Лига на надежи категорија У-10 слалом II место,
  • Алпски куп 2021 „Нурман Велија“ велеслалом III место,
  • Лига на надежи категорија У-10 слалом III место.

Што се однесува до училиштето и резултатите постигнати како ученик во шесто одделение во ООУ ,,Димо Хаџи Димов”, ова талентирано дете успева да постигне на секое поле. Вели дека има огромна поддршка од наставниците како и од учениците и дека сепак разбирање се има и доколку Гаврил нема да успее понекогаш да ја совлада на време лекцијата, но тоа се случува многу ретко.

Ваквите натпреварувања се сезонски, што значи дека освојувањето првенства се случуваат во зимскиот период. Некогаш, поради одредени причини, куповите се одложуваат и се одржуваат во лето.

-До сега само еднаш сум бил и учествувал во друга земја на Меѓународен натпревар., а тоа беше оваа година во Србија  на Копаоник на  11.02.2023 година и од 30 деца-учесници во мојата категорија, јас бев единаесетти. Инаку, Во летниот период најчесто имаме суви кондициони тренинзи во Маврово.

Како и секој надежен спортист, така и Гаврил има свој идол по кој ги следи стапките и квалитетите и се стреми да биде и подобар од него. Зимските олимписки игри се негова мотивација да продолжи да тренира и да биде подобар и подобар.

-Мојот идол е Боде Милер и многу би сакал да сум како него, па и подобар од него. Во иднина би сакал да бидам  носител на медали на светските првенства и да учествувам на зимските Олимписки игри.

Со посветеност и труд, а пред се љубов кон спортот, резултатот е неизбежен. Гаврил е само на почеток, а неговата макотрпа работа допрва ќе излезе на виделина.

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...