Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари протоколарна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија.
На средбата беше истакнато повеќедецениското пријателство и добрите билатерални односи меѓу двете земји, посебно поддршката на Шпанија во евроинегративните процеси, како и отвореност и волја за продолжување и продлабочување на соработката во делот на заштита на животната средина.
Се разговараше за тековните твининг проекти од областа отпад, контрола и сппречивање на индустриско загадување и инспекциски надзор, што се реализираат со поддршка на Кралството Шпанија, но и за можноста од проширување на соработката.
Како посебна област од интерес, амбасадорот Гарсија го посочи управувањето и третманот на отпадни води. При тоа амбасадорот Гарсија укажа дека постои голем интерес кај шпанските компании што нудат нови технологии, за учество на повици за изградба системи за прочистување на отпадните води.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање