spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Телефонски разговор Османи - Конаковиќ

МНР: Телефонски разговор Османи – Конаковиќ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари телефонски разговор со својот хомолог од Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.

Честитајќи го стапувањето на должност, Османи изрази задоволство за високиот степен на пријателски односи и досегашната билатерална соработка меѓу двете држави, како и убеденоста дека постои можност и потенцијал за нивно проширување, преку конкретни проекти и иницијативи, особено економската соработка. 

По добиениот кандидатски статус за членство во ЕУ, уште еднаш беше пренесена подготвеноста за споделување на искуствата на Северна Македонија во процесот на Евро-атлантско интегрирање на Босна и Херцеговина.

 

“Одлуката да се даде статус на земја-кандидат за членство во ЕУ е важна за реформски курс на Босна и Херцеговина и од големо значење е за стабилноста и севкупниот развој на регионот и неговата што поскора интеграција во ЕУ“ нагласи Османи.

Посебен осврт беше направен на регионалната соработка, со фокус на претседавањето на Северна Македонија со САД-Јадранската повелба (А5) и ОБСЕ. Во тој контекст, се разговараше за претстојниот министерски состанок во рамките на А5 (27-28 март) и посетата на теренската мисија на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, планирано да се реализира во текот на месец април.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...