spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Доделени награди на победниците на градската средношколска лига во екипни...

Град Скопје: Доделени награди на победниците на градската средношколска лига во екипни спортови

Вчера на завршниот финален натпревар во средношколска кошарка помеѓу екипите на СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Јосип Броз Тито“, што се одигра во СЦ Борис Трајковски, Градоначалничката на Град  Скопје, Данела Арсовска, ги додели наградата и пехарот на победничката екипа на средното училиште на Град Скопје “Никола Карев“.

– Со особено задоволство сме денеска тука за да ги поддржиме учениците кои се дел од средноучилишните лиги во екипни спортови. За учениците секое учество во овие натпревари е поттик да се дружат, да спортуваат и да бидат успешни спортски примери. Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје во екипните спортови учествуваа 124 екипи од 29 градски, државни и приватни средни училишта од Скопје, а се одиграа над 236 натпревари на кои настапуваа преку 2000 ученици. -истакна градоначалничката Арсовска.

Во завршните натпревари на препознатливите градски полуфинални и финални натпревари, кои во текот на месец март се одиграа Скопје, се издвоија најдобрите екипи во средноучилишните лиги за учебната 2022/2023 година во екипните спортови футсал, ракомет, кошарка и одбојка, во машка и во женска конкуренција.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...