Учениците и наставниците од ,ООУ ,,Петар Поп Арсов”, во партнерство со основните училишта од Италија, Португалија, Шпанија, Латвија и Турција, како дел од проектот Еразмус, под наслов “Don’t wait to see the destruction”, денеска го збогатија дворот на училиштето со шест овошни дрвца. На оваа активност која е од еколошки карактер, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во знак на поддршка и внимание го засади првото дрво.
Имено, оваа активност е од огромно значење за јакнење на Меѓународното партнерство и пријателство, а во рамки на проектот се реализираат многубројни меѓународни активности и работилници, чија цел е подигнување на еколошката свест кај младата популација и граѓаните во целост.
Извор: Општина Карпош