spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

По повод Светкиот ден на свесноста за аутизмот, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ја посети ликовната работилница во дневниот центар на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.

Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорната терапија и третманот на деца со аутизам кои активно ги спроведува здружението „Во мојот свет“. Преку реализацијата на овие активности се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на дечињата со аутизам, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и создавање услови за нивна самостојност.

Градот континуирано работи и поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата од аутистичен спектар и нивните семејства.

Затоа на следната седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката ќе предложи финансирање на проектирање и изградба на првиот центар за целодневна грижа, едукација и поддршка за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и нивните семејства.

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗ: Кампања „Спринт за имунизација“

0
Седумдесет тимови на доктори и медицински сестри, изминатата недела се на терен и веќе посетија над 3.000 семејства на невакцинирани деца во рамките на...