Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постојните вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.
Почнувајќи од 12 јули (понеделник) ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk
![](https://i0.wp.com/zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2021/07/Venko-terenska-vakcinac-foto2-1024x682.jpg?resize=696%2C464)
Здравствените домови до петок треба да изготват план за теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, исто така ќе се ревакцинираат на терен.
Извор: Министерство за здравство