spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продлабочување на соработката со ДЕМ

МЖСПП: Продлабочување на соработката со ДЕМ

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работна средба со претставници од невладиното здружение Движењето на Екологистите на Македонија – ДЕМ.

Во текот на состанокот, претставниците од невладиното здружение информираа за успешните реализирани проекти  од областа заштита на животната средина, одржлив развој и заштита на природата, како и подигање на јавната свест за еколошките проблеми со кои секојдневно се соочуваме.

Министерката Шукова изрази задоволство што постои обострана добра волја за  интензивирање на соработката помеѓу МЖСПП и ДЕМ со цел овозможување одржлив раст, зачувување, заштита и унапредување на квалитетот на животната средина и квалитетот на животот на луѓето.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...