Општина Македонска Каменица упатува Јавен повик до невладините организации, здруженија на граѓани и фондации, спортски клубови, како и други форми на здружување – корисници на средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2022 година да достават финансиски извештај за искористените средства кој треба да содржи неколку задолжителни делови:
Наративен дел
– Во наративниот дел корисниците на средства потребно е да ги опишат реализираните активности и проекти, учества во општински, регионални и национални лиги, државни и меѓународни турнири, остварените спортски резултати, бројот на членови во клубот, заеднички проекти со Општина Македонска Каменица и слично.
Финансиски дел
– Финансискиот дел треба да содржи детален приказ за потрошени средства поткрепен со соодветна документација.
Извештајот може да се достави до Архива (соба бр.1) на Општина Македонска Каменица најдоцна до 07 април 2023 година или на е-адресата на Општина Македонска Каменица: opstina@makedonskakamenica.gov.mk.
Поднесениот извештај на корисниците на општинските буџетски средства е услов за користење на средства Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година.
Извор: Општина Македонска Каменица