Во Кавадарци денеска е отворен Младински центар како плод на соработката помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот за младинска работа.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски потенцираше дека овој Младински центар е од огромно значење за поврзување, приближување и подобро запознавање на младите луѓе.
Со младинските центри во општинитеконтинуирано се унапредуваат вредностите и примената на младинската работа, како и поттикнувањето волонтерство и младинскиот активизам, истакна Мојсовски.
Тој додаде дека младинските центри ќе бидат место каде ќе се родат големи идеи, а креативноста ќе биде на највисоко ниво.
Со Центарот ќе управуваат организациите „Креактив” и „Совет за превентива против малолетничка деликвенција”, кои беа избрани преку јавен повик.
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев нагласи дека овој Младински центар е многу значаен за младите од општина Кавадарци.
Пред присутните се обрати и Ивана Стојчевска од Сојуз за младинска работа.
Претседателот на „Креактив”, Драган Марковски и Ѓорѓи Нанчев, младински работник од СППМД, изразија задоволство што по долги години работа на терен, Кавадарци добива ваков центар.
Извор: Агенција за млади и спорт