spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски на генералното собрание на НФФ - Се што некогаш ни...

МЗШВ: Николовски на генералното собрание на НФФ – Се што некогаш ни беше заедничка цел денеска е успешна приказна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше и имаше свое обраќање на генералното собрание на Националната Федерација на фармери (НФФ), организација која е наш силен социо-економски партнер.

На настанот присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, регионалната директорке на We Effect Europe, Анели Леина директорката на We Effect за меѓународна соработка, Линда Хамерберг, претставници на НФФ, претставници на институции и земјоделци.

„Нашата соработка е од исклучително значење, ние сме партнери во вистинска смисла на зборот. Потврда за тоа е вклученоста на НФФ во носењето на сите одлуки при креирањето на политиките и мерките на Министертсвото. Нашата соработка најдобро можам да ја опишам ако кажам дека сé што некогаш ни беше заедничка цел, денеска е успешна приказна. Заедно ја креиравме мерката „Рурална жена“ уште во 2019 година, заедно ја креиравме мерката за „Платено отсуство за мајчинство“, заедно ги креиравме Правилниците за продажба од куќен праг, Програмата за мали винарии, Програмата за мали произвдители, Програмата за откуп и дистрибуција на македонско јаболко преку која дистрибуиравме домашно јаболко до 186000 ученици. Заедно ја креиравме најголемата „Земјоделска реформа и новиот модел на субвенционирање“ и директно соработувавме целиот изминат период. НФФ секогаш даваше силен инпут за развој на земјоделскиот сектор“ изјави министерот Николовски и го потенцираше значењето на конструктивната соработка која Министерството ја има со НФФ последните години.

Николовски порача дека НФФ се одлични партнери кои имаат јасна визија и се директно вклучени на терен за да го пренесат гласот на земјоделците, а ние како матична институција го цениме нивниот придонес и секогаш е составен дел при креирањето на земјоделските политики кои вродија со многу заеднички постигнати резултати.

Жените земјоделки за прв пат во историјата добија право да користат платено отсустсво за мајчинство. Преку мерката „Рурална жена“, за прв пат во 2021 година, 250 жени земјоделки добија грант до 3000 евра, и ветување дека двојно ќе се зголеми поддршката. И тоа и го направивме. Минатата година доделивме 70 договори за грант до 6000 евра по корисник. За успешноста на мерката најмногу зборува бројот на регистрирани жени земјоделки. Само за споредба, од 2018, (пред почетокот на мерката), до сега имаме скоро 5000 нови регистрирани жени земјоделки.

Министерката Тренчевска во своето обраќање ја потенцираше заложбата за унапредување на правата на жените земјоделки и најави дека следна цел е изнаоѓање на решение за болничко боледување за жените земјоделки.

Младите фармери се во фокусот на работата и на МЗШВ и на НФФ. Претседателката на НФФ, Васка Мојсовска изјави дека нивното членство последниве години значително пораснало, само во 2022 има зголемување на членството за 20% со што бројот на членови достигнал над 300 индивидуални земјоделци, пришто речиси половината од новите членови се млади фармери.

Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони и потсектори на земјоделството. Со визијата „Профитабилно земјоделство – стабилно село“ и мисијата „Организиран фармер лидер во земјоделскиот и руралниот развој на Република Северна Македонија“, НФФ има развиен систем на висока транспарентност и почитување на демократските принципи за правилно дејствување и остварување на својата мисија и визија.

Соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Националната федерација на фармери при креирањето на земјоделските политики ќе продолжи и во иднина со силна заедничка поддршка како и до сега.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...