spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова - Добрите примери од локалните самоуправи треба да се поддржуваат...

МЖСПП: Шукова – Добрите примери од локалните самоуправи треба да се поддржуваат и споделуваат

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна посета на општина Струмица, при што со градоначалникот Костадин Костадинов разговараа за предизвиците со кои се соочува општината во делот на заштита на животната средина и поддршката што МЖСПП може да ја понуди во ефикасна реализација на поставените цели .

Градоначалникот Костадинов информираше за системскиот пристап на општината во надминување на предизвиците во различните медиуми на животната средина, пред се во намалување на аерозагадувањето и  визијата општина Струмица да стане прва општина на Балканот со целосно електрифициран јавен превоз за што е планиарана набавка на 10 електрични автобуси,  потоа поставување на велосипедска инфраструктура бидејќи кај граѓаните постои развиена култура за користење на велосипедот како превозно средство, активностите за воспоставување на системот за управување со отпад преку поддршката на МЖСПП и други донатори, но и решавање на проблемите во делот на водоснабдување, одведување и прочистување на отпадни води.

6Министерката Шукова, изразувајќи задоволство од системскиот пристап на општината во справувањето со проблемите во животната средина, истакна  дека токму од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање ја препознава општина Струмица како општина која е подготвена за аплицирање кон достапните инвестициски средства. Имено општина Струмица има подготвена квалитетна документација и има аплицирано за добивање средства преку Програмата за води и Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година на МЖСПП.

4Исто така, Министерството ќе ги земе предвид и ќе ги разгледа можностите за поддршка на активностите за електрификација на јавниот транспорт преку обезбедување на финансиски средства за дополнителна опрема потребна за системот да биде оперативен и  за поддршка на проектот за поставување на филтер станица за вода за пиење за н.м Банско во Буџетот за 2024 година. Министерката Шукова најави дека во делот на управување со отпадот, покрај обезбедувањето на  садови за собирање и селекција на отпадот, со заемот од Европската банка за обнова и развој за Југоисточниот и Варадсккиот региона ќе се изгради регионалната санатирна депонија во општина Василево што ќе ги задоволува високите европски стандарди. Општината, исто така, е подготвена за решавање на проблемот водоснабдувањето и одведување на отпадните води во н.м. Муртино преку земот од Европска инвестициона банка.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте