Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со внимание го следи развојот на состојбите во Република Судан. Според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско – конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата, а воедно, од почетокот на тензиите во земјата, не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош
Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk, како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса globalsos@mfa.gov.mk.